13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем дефект на водоводната мрежа ги остави Дебар и околината без вода

Голем дефект на водоводната мрежа ги остави Дебар и околината без вода

vodovodna

Поради голем дефект на водоводот Росоки – Дебар од среда вечер градот и селата се без вода, јави дописникот на Макфакс.

Техничкиот директор на ЈКП Стандард, Фармир Алили, информираше дека станува збор за голем дефект на водоводот во близина на Мелнички мост. Дефектот настанал  во средата околу 18 часот. Поради оваа состојба Дебар и повеке села  се без вода.

Екипите на ЈКП Стандард се на терен и  работат на отстранување на дефектот.

Инаку по вторпат  по изградбата на водоводот Росоки – Дебар во 1986 година, дефект се јавува на истото место каде е и најниската кота на водоводот. На истото место често пати има и ерозија на  земјата, а на Мелнички мост е и  најголемиот вентил за контрола на водата која потоа во количина од 20 литри во секунда оди кон општина Центар Жупа.

Овој регионален водовод, кој стартува кај изворите во селото Росоки, има издашност од околу 200 литри во секунда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП