9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРударскиот гигант Рио Тинто со загуби заради падот на цените на сировините

Рударскиот гигант Рио Тинто со загуби заради падот на цените на сировините

rio tino

Втората по големина светска рударска компанија Рио Тинто лани забележала загуба заради остриот пад на цените на сировините, па управата најави понатамошно намалување на трошоците.

Според бизнис извештајот, објавен во четврток, Рио Тинто минатата година работел со нето загуба од 866 милиони долари, што меѓу останатото, е последица на отписот на имотот во висина од 1,8 милијарди долари во врска со проектот за вадење железна руда во Гвинеја.

Заради ниските цени на железната руда, бакарот и алуминиумот, оперативната добивка на компанијата лани паднала 51 отсто, на 4,45 милијарди долари.

Рударските компании се под притисок на рејтинг агенциите кои од нив бараат да ги намалат трошоците, вклучително и исплатите на дивиденди, за да ги пребродат најлошите пазарни услови во изминатите две децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП