28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтетите од војната во Сирија изнесуваат 226 милијарди евра

Штетите од војната во Сирија изнесуваат 226 милијарди евра

steti 98

Од 2011-та година во Сирија владее насилството. Првично мирните демонстрации се претворија во комплексна војна. Сега една невладина организација објави застрашувачки броеви за резултати или 11,5 отсто од сириското население веќе се убиени или повредени. Резултатите се од истражувањето на „Syrian Centre for Policy Research“ (SCPR), цитирано од британскиот весник „Guardian“.

И „богатството“ на земјата и инфраструктурата се „речиси уништени“, покажува анализата насловен „Соочени со дробење“. Таа ќе биде официјално претставен во четвртокот попладне во Бејрут.

Досега податоците на Обединетите нации беа за околу 250 илјади жртви, а сегашните податоци на „SCPR“ се за речиси двојно повеќе убиени – 470 илјади. Поголемиот дел од нив починале од директни последици од војната, а околу 70 илјади загинале по ранување поради недостиг медицинска нега или од глад.

ОН претставува помал број на смртни случаи, бидејќи за време на конфликтот таа не може да добие пристап до соодветни информации, вели авторот на студијата Раби Насер пред „Guardian“.

Според податоците 1,9 милиони луѓе во Сирија биле повредени. Просечниот животен век во 2010-та година била 70 години, а во 2015-та година паднал до 55,4 години.

steti 99

Според истражувањето економските штети од војната изнесуваат 226 милијарди евра. „Guardian“ пишува уште дека за да создаде анализата, „SCPR“ ја анализирала ситуацијата на терен во Сирија. ОН веќе цитира некои извештаи на организацијата.

Во моментов во Алепо според ОН има уште околу 300 илјади жители кои имаат недостаток на вода и храна. Последните битки таму, според актуелни податоци на Црвениот крст, натерале околу 50 илјади жители да избегаат.

„Борбите го оптоваруваат сериозно населението. Избегнувајќи ги се обидуваат да преживуваат без заштита, без вода и храна при многу тешки услови“, појаснува шефот на сириската делегација на Црвениот крст Мариане Гасер.

Во меѓувреме војниците на претседателот Башар ал-Асад напредуваат со помош на руски воздухопловни сили кон тврдината на бунтовниците во градот Алепо – чекор кој се критикува постојано од Западот. Масовните бомбардирања на Русија принудуваат десетици илјади жители да бегаат од населените места во насока кон Турција. И покрај меѓународните апели, сепак засега тие се запрени на границата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП