5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсум илјади црни таксија го блокираа центарот на Лондон

Осум илјади црни таксија го блокираа центарот на Лондон

црни-таксинја

Околу осум илјади легендарни лондонски црни таксија го блокираа во средата центарот на британската престолнина за да предупредат на нелојалната конкуренција која за нив ја претставува платформата Uber.

Лондонските таксисти бавно се движеа меѓу Трафалгар Сквер и Вајтхол со што предизвикаа големи пореметувања на сообраќајот во оваа четврт на Лондон во која е наоѓаат резиденцијата на британскиот премиер и повеќето министерства.

„Не сакаме да го укинеме Uber, само сакаме тие да ги почитуваат истите правила како и ние“, изјави Стив Вилсон, кој вози такси веќе 22 години, пренесува AFP. Друг таксист вели дека не им преостанува ништо друго освен да ги блокираат улиците, бидејќи владата не презема ништо.

Социјалното движење по првпат ги обедините петте синдикати коишто претставуваат 25.000 такси возачи во Лондон, кои добија поддршка и од француските и од белгиските колеги.

„Мислам дека Uber ги искористува своите возачи и излекува од нив максимални износи, обврзувајќи ги да работат прекувремено“, коментира Џим Кели претставник на синдикатот Unite и истакнува дека таквиот режим доведува до опаѓање на безбедноста за корисниците.

Од Uber во Велика Британија во средата се обидоа да ги смират тензии, имајќи предвид дека во Франција доаѓаше до физички пресметки и брутални напади, и предложија на возачите на „црните таксија првата година бесплатно да ја користат апликацијата којашто овозможува контакт со корисниците. Понудата не беше прифатена.

Услугата што ја нуди Uber доведе до негов спектакуларен раст, благодарејќи на апликацијата на паметните телефони којашто овозможува брзо наоѓање возило. Но нивниот успех го предизвикува гневот на традиционалните такси возачи, кои сметаат дека станува збор за нелојална конкуренција која значителни ги намалува нивните приходи и ја доведува во прашање нивната егзистенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП