27 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИУНИБанка ги подобрува условите на кредитите за физички лица

УНИБанка ги подобрува условите на кредитите за физички лица

unibanka

УНИБанка АД Скопје промовира уште подобри услови за програмата на кредитни продукти наменети за граѓаните. Од 1 април 2013 година Банката дополнително ја подобри понудата за своите клиенти, со намалување на еднократниот надоместок за одобрување на 1,25%. Износот за овој кредит се движи до 900.000 денари, со каматна стапка 7,9% на годишно ниво и рок на отплата до 10 години. Наменет е за вработените во јавна администрација и акционерски друштва кои ја примаат платата во УНИБанка, нудејќи им можност за рефинансирање на постоечките обврски по кредити и кредитни картички, како и за подмирување на нивните тековни секојдневни потреби. За оние кои земаат плата преку друга банка каматната стапка за кредитот изнесува 9,9%, со можност за нејзино намалување по преносот на плата во УНИБанка. Банката овозможува и кредит без жиранти за износи до 300.000 денари и рок на отплата до 5 години, при тоа разгледувајќи го секое барање од клиентите во рок до 3 работни дена.

“Постојано работиме на збогатување на палетата од кредитни продукти и услуги, а со посебно внимание ги следиме и ги приспособуваме постојните продукти тргнувајќи од моменталната побарувачка и финансиските можности на граѓаните. Ненаменскиот потрошувачки кредит со атрактивна каматна стапка 7,9% се покажа како полн погодок на пазарот и го потврди фактот дека УНИБанка секогаш чекори заедно со потребите на своите клиенти. Сега, со дополнителното намалување на надоместокот за 50% сметаме дека уште повеќе ќе го доближиме овој продукт до нашите клиенти”, изјави Александра Керметчиева, директор на Дирекцијата за кредитирање на мало во УНИБанка.

Potrosuvacki kredit

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП