4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроектот Балкански медицински сили во полн ек

Проектот Балкански медицински сили во полн ек

bal-med-celi

Балканските медицински сили се значаен проект за Македонија и регионот, чест ни е што сме домаќини на овој проект кој се развива во духот на паметната одбрана, порача во средата министерот за одбрана Зоран Јолевски на работната средба со претставници на Балканските медицински наменски сили.

Министерот Јолевски, заменик-началникот на ГШ на АРМ, генералот Рацај како и претставниците на Министерството и АРМ на работната средба разговараа за статусот, плановите, задачите и обврските на Балканските медицински наменски сили и земјите кои се вклучени во проектот.

Еден од клучните моменти за развој на проектот беше потпишувањето на меѓународната Спогодба на Балканските медицински наменски сили во јануари оваа година, беше заклучено на средбата. Она што следи е ратификацијата на Спогодбата, по што проектот и официјално ќе започне да функционира. Постојаното седиште на Штабот на Балканските медицински наменски сили ќе биде во Скопје, се вели во соопштението од МО.

Иницијативата „Balkan Medical Task Force (BMTF)“, односно Балкански медицински наменски сили (БМНС) е проект инициран од страна на Кралството Норвешка и САД. Земји учеснички од регинот вклучени во проектот се Албанија, БиХ, Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора. Целта на проектот е подобрување и оспособување на националните медицински капацитети за работа во рамките на регионална мултинационална единица, засилување на регионалните воено-медицински капацитети за поддршка на цивилната заедница и оспособување на националните воено-медицински служби за изградба на стандардизирани капацитети со високо ниво на интероперабилност во регионот и со ООН, НАТО, ЕУ и Партнерството за мир.

Регионалните медицински капацитети ќе бидат способни за брз одговор на широк спектар на ситуации меѓу кои и природни катастрофи и меѓународни операции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП