9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалување на британското индустриско производство

Намалување на британското индустриско производство

vb proizvodstvo

Британското индустриско производство се намалува во декември со најострата стапка од 2012-та година, а повеќе топлото време од вообичаеното ја стеснува потрошувачката на електрична енергија и гас, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на Националната статистичка служба.

Производствениот сектор, кој е околу 70% од индустријата, продолжува да се намалува и да ги попарва надежите за враќање во 2016-та година.

Велика Британија беше една од најбрзо растечките големи развиени економии во последните неколку години. Таа сепак се потпираше во голема мера на услугите за генерирање на раст, на тој начин се комплицираа плановите за балансирана економија.

Индустриското производство се намали за 1,1% на месечна основа во декември, откако забележа 0,8% пад во ноември. Резултатот е полош од сите прогнози во студијата на „Ројтерс“, каде просечните очекувања беа за намалување од 0,1%. На годишна основа, падот е 0,4%

Британската статистичка служба ги ревидира надолу податоците за индустриското производство во четвртиот квартал од 0,2 до 0,5 проценти пад. Резултатот забележува значителен пад во потрошувачката на електрична енергија поради невообичаено топлото време.

За прв пат од почетокот на 2009-та година има три последователни месеци со пад во производствениот сектор, кој во декември се намалува за 0,2% на месечна и со 1,7% на годишна основа. Во ноември падот на месечна основа беше 0,3%.

Денеска беа објавени податоци за индустриското производство и во Франција и Италија, а и во двете држави има падови. Во Франција намалувањето е 1,6% на месечна и 0,7% на годишна основа во декември, додека пак прогнозите за годишното претрпеа измена за 1,7% раст во споредба со декември 2014-та година.

Индустриското производство во Италија се намалува за 0,7% на месечна основа и со 1% на годишна основа при очекувања за 1,4 процентна експанзија, наспроти една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП