27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ истражува неколку банки поради можно договарање на цените на обврзници

ЕУ истражува неколку банки поради можно договарање на цените на обврзници

banka2222

Англиските регулаторни органи за заштита на пазарниот натпревар покренаа истрага против неколку банки поради сомневање дека договарале цени на државни обврзници, пишува Financial Times.

Европската комисија испратила прашалници до група пазарни актери, барајќи од нив информации за одредени цени на долгови, пишува весникот, додавајќи дека истрагата е во почетна фаза.

Европските регулатори сакаат да утврдат дали банките можеби формирале картел, напоменува весникот, повикувајќи се на добро информиран извор близок до истрагата.

На овој пазар обврзници издаваат Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и регионалните кредитори како германските регулаторни банки. Обврзниците обично се покриени со имплицитни или експлицитни гаранции, истакнува FT.

Thomson Reuters во јануари, повикувајќи се на неколку извори, извести дека американското  министерство за правда води истрага против четири лондонски трговци со ваков вид на долгови поради сомневање дека можеби манипулирале со цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП