26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на дозволи за градење

Зголемен бројот на дозволи за градење

gradeznistvo 2929

Бројот на издадени дозволи за градење во декември бележи пораст од 10,2 отсто, а предвидената вредноста на проектите за кои се издадени дозволите бележи зголемување од 40 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015 година се издадени 336 одобренија, додека предвидената вредност на објектите изнесува 4,86 (79 милиони евра).

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 49 (14.6%) за објекти од нискоградба и 71 (21.1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 336 објекти, кај 216 како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 120 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови, со вкупна корисна површина од 65 430 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП