Трговската размена меѓу Турција и Русија се намали минатата година за 25 проценти и ќе продолжи да опаѓа во иднина, изјави рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов.
Тој додаде дека трендот на падот на трговската размена продолжил и во јануари оваа година.
„Во јануари обемот на турскиот извоз во Русија е намален за две третини, а тука е исто така и т.н невидлив извоз – градежништвото, туризмот и транспортот – кој и носеше на Турција околу 15 милијарди долари годишно, вклучувајќи и околу 4,5 милијарди од туризмот. Овие бројки исто така драстично ќе се намалат, бидејќи Турција ќе ја заобиколат милиони руски туристи“, изјави Карлов.
„Анталија и околните региони ќе претрпат најголема штета поради односот меѓу нашите земји. Од друга страна, тоа е центар на туризмот, а од друга страна, регионот е голем извозник на земјоделски производи во Русија… Турските бизнисмени се многу образувани луѓе и сфаќаат зошто ги загубиле договорите во Русија, а со нив и милијардите долари“, заклучи тој.
Заострувањето на односите меѓу Русија и Турција ги натера турските сопственици на руски банки да го разгледаат намалувањето на присуството во земјата или дури и повлекување од пазарот. Како што се шират гласини, најголемата банка со турски капитал во Русија, Credit Europe Bank е ставена на продажба.
Трговската размена меѓу Анкара и Москва минатата година изнесуваше 23 милијарди долари.
Односите меѓу Русија и Турција се влошени од 24-ти ноември 2015 година, која турскиот воен авион го собори рускиот над Сирија.