13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои нешта ви ја уништуваат продуктивноста?

Кои нешта ви ја уништуваат продуктивноста?

boost-work-productivity

Многу нешта на работа можат да не направат расеани, а со тоа и да ја намалат нашата продуктивност.

Погледнете кои ситници го одземаат вашето време на работа и како да им се спротиставите.

Постојано посегнувате по ужинката, грицките, закуската

Закуските го одвлекуваат вашето внимание, честото посегнување по нешто за јадење ја намалува вашата концентрација и ви го одвлекува вниманието од работите кои треба да ги обавите.

Допишување со пријателите

Со добрите пријатели можете да се видите и слушнете по работното време, а ако станува збор за важна порака, пријателите ќе ве известат навреме. Во сите други ситуации, ако сте многу зафатени, пораката може да почека.

Проблеми во врската

Ова е проблем кој треба да го решите во сопствениот дом, не треба да го носите на работа. Сепак, ако сте во добри односи со колегите, можете во текот на паузата да поразговарате со нив за оваа ситуација, но само ако ви е неопходен совет.

Размислувате за годишниот одмор

Што повеќе часови од работното време ќе потрошите за размислување околу вашиот идеален одмор, толку повеќе ќе ви се наталожи работа која нема да ја завршите. Одморот искористете го како мотивација за подобро да работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП