29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Највисока плата во Шведска, најмала во Бугарија

ЕУ: Највисока плата во Шведска, најмала во Бугарија

money122

Според истражувањето на Федералниот завод за статистика на Германија (Statistisches Bundesamt), за висината на дневниците за 2012 година во приватниот сектор, најголемата дневница беше забележана во Шведска.

Работниците во приватниот сектор во Шведска за еден час поминат на работа заработуваат околу 41,90 евра, следи Белгија со 40,40, Данска 39,50, Франција 34,90 и Луксембург 34,40 евра.

Околу врвот според висината на исплатените дневници на работното место се наоѓаат и Холандија, Финска, Германија, Австрија и Ирска.

Од десетте земји со најголема дневница, три се скандинавски – Шведска, Данска и Финска, што значи дека во овој дел од Европа работниците најмногу заработуваат за еден час.

Од друга страна, на дното е Бугарија во која, работниците од приватниот сектор за еден час поминат на работа добиваат 3,70 евра.

По Бугарија следи Романија со 4,50 евра, Литванија 5,80, Летонија 6,20 и Полска со 7,20 евра за час.

Врз основа на овие резултати може да се заклучи дека постојат големи разлики во дневниците во приватниот сектор во земјите на ЕУ.

Така, работниците во Шведска земаат 13 пати поголема дневница од работниците во Бугарија и Романија.

Од балканскиот регион најголемата просечна дневница за час е забележана во Грција и тоа 15,50 евра, следат Словенија со 14,50, Словачка 8,60 и Унгарија со 7,90 евра.

Просечниот износ на дневницата за еден час во европската унија е 23,50 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП