3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пад на Волстрит под притисок на цената на нафтата

Благ пад на Волстрит под притисок на цената на нафтата

pad-berzite

Берзанските индекси на Волстрит благо паднаа во вторникот по мошне нестабилно тргување, во кое најголем губитник беше енергетскиот сектор поради падот на цената на нафтата.

Dow Jones се намали за 12 поени, или 0,08 отсто, на 16.014 поени, додека S&P 500 ослабна 0,07 отсто, на 1.852 поени, а Nasdaq за 0,35 отсто, на 4.268 поени.

Најмногу вчера паднаа акциите во енергетскиот сектор, за 2,5 отсто, бидејќи цената на нафтата на американската берза потона за речиси 6 отсто.

Од друга страна, по остриот пад во претходниот ден, закрепнаа акциите во рударскиот сектор, за 1,2 отсто, а загубите на индексите се ублажени и благодарение на растот на цените на акциите во здравствениот сектор за 0,7 отсто.

Во текот на целиот ден се тргуваше многу несигурно, па цените на акциите беа час во позитивно, час во негативно подрачје, а загубите се намалени пред сам крај на тргувањето.

„Можеби кај инвеститорите се појавува оптимизам пред извештајот на претседателката на Фед во Конгресот бидејќи можеби ќе каже нешто што би го поттикнало пазарот“, вели Петер Јанковиц, директор во компанијата OakBrook Investments.

По остриот пад во претходните денови, вчера се стабилизираа и цените на акциите во технолошкиот и финансискиот сектор, па падот на индексот е помал во однос на претходните два дена.

И на европските берзи цената на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE ослабна за 1,0 отсто, на 5.632 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 1,11 отсто, на 8.879 поени, а париски CAC 1,69 отсто, на 3.997 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП