2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо вторникот во Македонија влегле 2.455 мигранти

Во вторникот во Македонија влегле 2.455 мигранти

migranti000

Во вторникот во Македонија издадени се потврди на вкупно 2.455 странски државјани, од кои 918 од машки и 554 од женски пол, како и на 981 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 939 државјани на Сирија, потоа на 827 државјани на Авганистан и на 689 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 72.873 странски државјани, од кои 29.478 се од машки пол, 15.787 се од женски и 27.464 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 144 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП