18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе отвора можност за надградба на зградите во населбата "Пролет"

Се отвора можност за надградба на зградите во населбата “Пролет”

надградба

Зголемување на катноста за уште два спрата и поткровје се планира да се вметне во новиот ДУП „Пролет“, кој е во фаза на изработка.

„За да се реши проблемот на сите згради, од кои најголемиот број се во лоша состојба, се предвидува зголемување на катноста за уште два спрата и поткровје. Со ова, зградите во најстарата населба во Скопје ќе станат атрактивни за инвеститорите. Тие, пак, ќе бидат должни да ја санираат зградата, да постават енергетско-ефикасна фасада, нови инсталации, но и за првпат да инсталираат лифт. Општината нарача елаборат во Институтот за земјотресно инженерство, и на средбата наредната недела ќе ги презентираме наодите за стабилноста, доколку се зголеми катноста“, рече градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, кој во вторник вечер имаше средба со жителите на населбата “Пролет”.

Граѓаните своите размислувања ќе ги искажат на наредната средба, но и на јавната анкета за ДУП „Пролет“, која, како што вети Градоначалникот, ќе трае колку што е потребно и колку што ќе побараат жителите.

Се очекува новиот ДУП да се најде на Дневен ред на една од наредните седниците на општинскиот совет.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП