29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto плаќа 80 милиони долари за да избегне понатамошни казни

Monsanto плаќа 80 милиони долари за да избегне понатамошни казни

monsanto11

Американската компанија „Monsanto“ ќе плати 80 милиони долари со цел да го реши проблемот со обвиненијата дека не го искажувала профитот на правилен начин.

Парични казни ќе платат и одделни менаџери во компанијата.

Американскиот гигант во агробизнисот се соочува со обвиненија дека не го бележел на правилен начин попустот кој им го давал на дистрибутерите, што влијаело на неправилностите во финансиските извештаи за 2009, 2010 и 2011 година.

Компанијата не признава дека ги лажирала извештаите, но се согласи да ангажира консултанти кои повторно ќе ги проверат извештаите.

Тројца претставници на „Monsanto“ ќе мора да платат казна од 30.000 до 55.000 долари.

Директорот на компанијата Хју Грант го врати бонусот од три милиои долари иако не е утврдена негова одговорност во овој случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП