7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПад на продажбата на возила и во Германија

Пад на продажбата на возила и во Германија

auto

Регистрацијата на нови возила во Германија, која е клучен показател во еден од најзначајните сектори на германската економија, забележа значителен пад во месец март, а ова го покажуваат податоците кои ги објави германската федерална агенција за моторни возила.

Во минатиот месец се регистрирани 281.184 автомобили, што претставува пад од 17.1 проценти во споредба со истиот месец во 2012-та година.

Во текот на првите три месеци од оваа година 673.957 нови автомобили добиле сопственици, што е исто така 12.9 проценти полош резултат во однос на истиот период во претходната година.

Ваков сличен пад на продажбата на нови возила беше забележан и во Франција, но и во Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП