9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез изненадувања на Македонската берза

Без изненадувања на Македонската берза

mk berza kke

Вторничното тргување на Македонската берза заврши со вкупен промет од 4,7 милиони денари реализиран преку 48 трансакции, а тргување имаше со 17 хартии од вредност.

Индексот МБИ10 порасна за 0,48 отсто, додека ОМБ остана без промена.

Промет над милион денари остварија акциите на Комерцијална банка (1,28 милиони денари) и Стопанска банка Битола (1,06 милиони денари).

Најголем раст забележа акцијата на Македонски телеком (ТЕЛ) каде со истргувани 60 акции по цена од 279 денари, акцијата порасна за 3,33 отсто.

На спротивната страна се најде акцијата на РЖ Макстил со пад од 5,32 отсто (количина 1.692, цена 50,18 денари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП