18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМонетарните поттикнувањa и нафтата заслужни за растот на еврозоната

Монетарните поттикнувањa и нафтата заслужни за растот на еврозоната

couer 353

Економските активности во еврозоната бележат раст благодарение пред се на монетарните поттикнувања и на евтината нафта, изјави Беноа Куер од Европската централна банка.

„Проблем се неизвесноста и стравувањата поврзани за големите и за економиите во развој“, рече Куер за француската телевизија BFM во контекст на новиот остар пад на цената на акциите на европските и на американските берзи.

„Еврозоната не е дел од тој проблем“, рече членот на извршниот одбор на ЕЦБ.

На новинарско прашање за политиката на ЕЦБ за многу ниски каматни стапки, Куер одговори „Нашата дијагноза денес во еврозоната нема меури“. Тој тврди дека токму програмата на ЕЦБ за поттикнување, во чии рамки месечно на пазарот се вбризгуваат 60 милијарди евра, е клучна за поттикнување на економскиот раст.

„Растот и закрепнувањето во еврозоната во основа може да се припише на монетарната политика и на цените на нафтата“, рече Куер.

Во петок се очекува да бидат објавени првите процени на Eurostat за растот на еврозоната во четвртиот квартал и во цела 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП