22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден трговски суфицит на Германија во 2015 година

Рекорден трговски суфицит на Германија во 2015 година

Port-of-hamburg

Германија минатата година забележа рекорден трговски суфицит, со рекордно ниво на извозот и увозот, покажаа објавените официјални податоци.

Германскиот извоз во 2015 година скокна за 6,4 отсто, на 1.196 милијарди евра. Увозот е зголемен за 4,2 отсто, на 948 милијарди евра, пресмета Destatis.

Со тоа трговскиот вишок во минатата година постигна ново рекордно ниво од 247,8 милијарди евра, надминувајќи го досегашниот рекорд од 213,6 евра, забележан во претходната година, наведе германскиот завод за статистика.

Резултатите ја потврдуваат силата на најголемата европска економија во несигурен глобален економски амбиент.

Побарувачката за германски производи минатата година беше силна насекаде во светот, па така германскиот извоз во Европската унија во целина е зголемен за седум отсто. Притоа извозот во државите на ЕУ кои не се членки на еврозоната е зголемен за 8,9 отсто, додека поскромен резултат е забележан во останатите членки на еврозоната, со раст на извозот за 5,9 отсто. Осетно е зголемен и извозот во трети држави, за 5,6 отсто, се наведува во извештајот на Destatis.

Послаби резултати се забележани во декември, со месечен пад на извозот за 1,6 отсто, додека трговскиот суфицит е благо намален на 19.4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП