Радовиш ќе добие атрактивна населба со површина од околу 16 хектари, најави денес градоначалникот Сашко Николов, по средбата со директорот на Катастарот и со директорот на Управата за имотно-правни работи кои беа во официјална работна посета.
„Граѓаните веќе се запознаени дека Владата ќе ја гради целокупната инфраструктура на оваа современа населба која ќе биде во функција на младите од нашиот град“, рече Николов, при тоа додавајќи дека плацевите ќе се продаваат по 1 евро/м2.
Тој рече дека предлогот деновиве ќе биде доставен до Министерството за транспорт и врски, очекува да почне постапката за урбанизација и до крајот на годината да се започне со продажба на локации за градба.