4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодароците на доделувањето на Оскарите вредни околу 200.000 долари

Подароците на доделувањето на Оскарите вредни околу 200.000 долари

48490173.cached

Доделувањето на Оскарите ќе се одржи по 88. пат во театарот Долби во Лос Анџелес на 28.февруари, а како и секоја година и овој пат славните лица ќе добијат пакет полн со подароци и тоа само поради тоа што се појавиле на овој настан.

Оваа година меѓу подароците се патувања во Израел и Јапонија вредни по 50.000 долари, козметика, купон за „вампирско зголемување на градите“, храна за домашни миленици вредна 6.000 долари, но и пакет луксузна тоалетна хартија од околу 300 долари, пишува TMZ.

Само за актерките резервирана е и секс играчка „Arouser“ која чини 250 долари.

Инаку, вкупната вредност на пакетот-подарок изнесува околу 200.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП