19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ја претекна Кина

Индија ја претекна Кина

индија444де

Индија во последниот квартал во минатата година оствари економски раст од 7,3 проценти, со што ја претекна Кина, која во истиот период забележа раст од 6,8 проценти.

Индиската Централна канцеларија за статистика соопшти дека од октомври до декември 2015 година е забележан благ пад на економскиот развој во однос на претходниот квартал, кога економијата порасна за 7,4 проценти.

Се проценува дека годишниот економски раст оваа година ќе изнесува 7,6 проценти, повеќе отколку минатогодишните 7,2 проценти.

Канцеларијата за статистика соопшти дека се очекува најголемиот раст да биде остварен во финансискиот сектор, туризмот и производството, додека слабите резултати ќе бидат остварени во земјоделството и секторот за одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП