2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се случува со телото кога пиете газирани сокови? (видео)

Што се случува со телото кога пиете газирани сокови? (видео)

maxresdefault (2)

Колку пати сте слушнале дека газираните сокови не се добри за вас? Сигурно безброј пати! Но, што навистина се случува со вашето тело кога пиете газирани пијалоци?

Пред неколку денови излезе видео во кое на многу сликовит начин е прикажано колку газираните сокови се штетни.

Веќе со првата голтка киселината ја нагризува забната глеѓ, така што бакериите брзо се собираат и со текот на времето се создава кариес. Меѓутоа, тоа е само почеток. Во само една лименка газиран напиток се наоѓаат 46 грама шеќер, така што рецепторите на јазикот сигнализираат чувство на слатко и испраќаат порака до мозокот каде се наоѓа и центарот за награди – мозокот тоа го сигнализира како нешто добро и затоа бара нова доза. Така се јавува зависноста од благо.

Само за пример, доколку неколку дена пиете газирани сокови наместо вода, тогаш во телото ќе се внесат дополнителни 5.430 калории покрај целата храна која редовно ја конзумирате – секако, разликата ќе се забележи и на вагата, па не е ни чудно што токму газираните сокови се еден од главните виновници за дебелината во Америка.

Големото количество на шеќер е опасно за нормалната работа на организмот, па може да дојде до нарушување на работата на инсулинот, што на крајот доведува до дијабетес. Газираните сокови го забрзуваат и стареењето, а ако не сте знаеле, нивната штетност се споредува со пушењето наркотици.

Затоа, размислете два пати пред да посегнете по нова лименка газиран сок…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП