3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 24 часа издадени потврди на 2.393 мигранти

За 24 часа издадени потврди на 2.393 мигранти

migranti-migranti-migmig

Во понеделникот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 2.393 странски државјани, од кои 899 од машки и 547 од женски пол, како и на 932 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 15 деца кои патувале без родител.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.055 државјани на Сирија, потоа на 802 државјани на Авганистан и на 536 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината па до 8-ми февруари, издадени се потврди на вкупно 70.418 странски државјани, од кои 28.560 се од машки пол, 15.233 се од женски и 26.483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 142 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-34.238, Авганистан-22.097 и Ирак-14.080.

До Секторот за азил досега годинава барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 8-ми февруари евидентирани се вкупно 16 баратели на азил од кои 12 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП