Две нови трафостаници со поголем капацитет беа инсталирани во населбата Илинден и населеното место Бујковци, информираат од општина Илинден.
Инсталирани две нови трафостаници во Општина Илинден

Со изградбата на овие трафостаници кои располагаат со моќност од 400 kw, продолжува успешната соработка меѓу Општина Илинден и ЕВН, во рамките на која се реализирани повеќе проекти во насока на граѓаните на Општина Илинден да им се обезбедат подобри и поквалитетни услуги.
Во рамките на проект за изградба на нова и реконструкција на старата дистрибутивна мрежа во Општина Илинден, претстои реконструкција на 20 kV далекувод со кој ќе бидат опфатени населените места Мршевци, Бујковци, Текија и Дељадровци, како и реконструкција на енергетската мрежа во Марино.
„Со досега реализираните, како и со новите проекти значително се подобрува квалитетот на напојувањето, односно напонските прилики во индустриските зони, како и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија на сите постоечки корисници во Општина Илинден“, информира локалната власт.

