18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на Волстрит паднаа за повеќе од еден отсто

Цените на акциите на Волстрит паднаа за повеќе од еден отсто

volstrit4874

Цените на акциите на Волстрит во понеделник паднаа повеќе од еден отсто, најмногу во финансискиот и рударскиот сектор, бидејќи инвеститорите се плашат од последиците на слабеењето на глобалната економија.

Индексот Dow Jones се намали 1,1 отсто на 16.027 бодови, додека S&P 500 потона 1,42 отсто на 1.853 поени, додека Nasdaq за 1,82 отсто, на 4.283 бодови.

Најмногу падна цените на акциите во финансискиот сектор, 2,6 отсто, а притисокот врз банките почна на европските берзи бидејќи инвеститорите ги загрижува профитабилноста на банките, со оглед дека рекордно ниските камати ги притискаат маржите, додека од друга страна глобалната економија слабее.

Покрај тоа, заради забавувањето на растот на американската економија и ниската инфлација, малку е веројатно дека централната банка, ФЕД, толку скоро ќе продолжи со покачување на каматните стапки.

Од почетокот на годината S&P индексот на финансискиот сектор потона 14,6 отсто, па сега е најголем губитник меѓу сите десет сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП