25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачки пад на индустриското производство на Германија

Изненадувачки пад на индустриското производство на Германија

indu germanija

Индустриското производство во Германија изненадувачки се намали во декември, но и увозот и извозот исто така се намалиле, посочија денес објавените податоци.

Тоа беа симптоми за забавување на растот на водечката европска економија. Показателот се намали за 1,2% во декември, што беше неговиот најголем пад од август 2014-та година, според податоците на Министерството за економија.

Резултатот се покажа полош од просечните очекувања на аналитичарите кои прогнозираа 0.4% раст на индикаторот.

„Индустриското производство значително се влошило во крајот на 2015-та година“, се вели во извештајот на министерството.

Во одделен извештај стана јасно дека извозот на Германија е намален за 1.6% во декември, а трговскиот суфицит се намалил до 18,8 милијарди евра. И тука резултатот не успеа да одговори на просечните очекувања на професионалците за раст од 0,5%.

Минатата година Германија постигна рекорден трговски суфицит во износ од 213.6 милијарди евра, според официјалните податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП