30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на европските берзи под притисок

Акциите на европските берзи под притисок

berzi-berza-aziski-evropski-amer

Продолжија силните продажни притисоци во понеделник на европските берзи, а најмногу во загуба беа акциите на компаниите чие работење зависи од економското опкружување.

Лондонскиот FTSE индекс се лизна 2,71 отсто на 5.689 бодови, додека франкфуртски DAX потона 3,3 отсто на 8.979 поени, додека париски CAC 3,2 отсто на 4.066 бодови.

Најмногу во загуба беа цените на акциите на оние компании чие работење зависи од економското опкружување, бидејќи расте загриженоста на инвеститорите во врска со забавувањето на растот на глобалната економија.

На удар на продажбата се најдоа и акциите на банките, автомобилските производители, градежната и технолошката индустрија, со пад на цените во просек меѓу 2,6 и 2,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП