Новиот генерален директор на швајцарската банка „Credit Suisse“, Тиџен Тијам му предложи на Управниот одбор на банката значително да му биде намален бонусот, откако оваа банка минатата недела претстави разочарувачки деловни резултати и најави откази за 4.000 вработени.
Директорот на Credit Suisse се откажа од бонусот

Директорот на банката предложи неговиот бонус да биде најмногу намален меѓу челниците на банката, како што изјави, тој не може да бара жртва од другите, доколку сам не поднесе некаква жртва, пренесува американската агенција АП.
Тијам минатото лето стапи на позицијата директор на Credit Suisse, најавувајќи повеќегодишна програма за реформирање на работењето со цел намалување на трошоците.

