17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкнотата од 500 евра повеќе нема да постои?!

Банкнотата од 500 евра повеќе нема да постои?!

петсто-евра-500

Гувернерот на Европската Централна Банка (ЕЦБ), Марио Драги, најави дека се подготвени да ја разгледаат можноста за престанување на печатење на банкнотата од 500 евра поради тоа што таа и помага на криминалната дејност.

Драги истакна дека размислуваат за овој потег поради постојаните предупредувања од полицијата дека токму овие банкноти најмногу се користат на црниот пазар.

Сепак, членовите на управниот одбор на банката бараат и дополнителни докази дека не станува збор само за инсинуации.

Во Велика Британија го запреа користењето на банкнотата од 500 евра, па така таа неможе да се добие ниту во банките ниту на банкоматите уште од 2010-та година, затоа што 90 проценти од побарувачката за нив доаѓала од криминалните кругови.

Централната банка на Италија опиша на кој начин банкнотите со високи апоени учествуваат во криминалните активности, како што е продажбата на дрога или затајувањето данок, затоа што е многу полесно да се пренесат парите или да се сокријат.

„Криминалот е дејност во која се плаќа исклучиво во готовина, па затоа помагаат банкнотите со високи апоени“, објасни италијанската полиција, која проценува дека 90 проценти од банкнотите од 500 евра циркулираат во мафијата.

Повлекувањето на тие банкноти го разгледува и Финска, а САД банкнотите од 1.000 долари ги повлече од пазарот уште во 1969-та година, откако било утврдено дека им помагаат на криминалците во развојот на црниот пазар.

Претходно Европската Комисија најави истрага за сомнително големиот број на банкноти од 500 евра кои се во оптек во еврозоната, а Драги тогаш истакна дека се во фаза на проучување на проблемот и дека сеуште не одлучиле како ќе го решат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП