Првиот трговски ден оваа недела започна со блок трансакција на акциите на Благој Ѓорев АД Велес. Вкупно 5.066 акции се истргуваа по просечна цена од 360 денари, што претставува скоро 1 отсто од вкупниот капитал на друштвото.
Победник на денот беше акцијата на Топлификација со раст на вредноста од 9,29 отсто, при што беа истргувани 215 акции по просечна цена од 610 денари.
Најтгрувани повторно беа акциите на Алкалоид Скопје и Комерцијална банка со промет од 757 илјади денари и 646 илјади денари, соодветно.
Индексите МБИ10 и ОМБ во понеделникот завршија речиси без промена, и тоа 0,08 отсто и 0,05 отсто, соодветно. Вкупниот промет изнесуваше 4,3 милиони денари и се резлизираше преку 25 трансакции.