16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на контролата на квалитетот на Volkswagen ја напушта компанијата

Шефот на контролата на квалитетот на Volkswagen ја напушта компанијата

kontrola-kvalitet

Шефот на контролата на квалитетот на Volkswagen, Франк Тух заминува од германскиот производител на автомобили кој е погоден со скандалот во врска со лажирањето на тестовите на издувните гасови.

Volkswagen во вторникот соопшти дека Тух „заминува од компанијата на сопствено барање“, како и дека компанијата „жали поради одлуката на Тух и му заблагодарува на неговите постигнувања“.

На местото на Тух е назначен Ханс-Јоаким Ротенпајлер кој досега беше на чело на техничкиот развој во одделението за комерцијални возила.

САД покренаа судска постапка против компанијата Volkswagen и нејзините филијали Porsche и Audi поради кршење на законот против загадување на воздухот во сакндалот со издувни гасови.

Германската компанија е обвинета дека во 600.000 возила вградила софтвер кој овозможи лажирање на резултати на тестовите за мерење на издувни гасови што дозволи прекумерно загадување на воздухот, измама на потрошувачите, наштетувајќи на на нивното здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП