30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА18-ти последователен месечен суфицит за Јапонија

18-ти последователен месечен суфицит за Јапонија

jap 98

Јапонија објави 18-ти последователен вишок на тековната сметка, откако евтиниот увоз на енергија продолжува да и помага економијата, која се бори да постигне одржлив раст и инфлација, пренесува „Bloomberg“.

Вишокот во трговијата изнесува 960,7 милијарди јени (8,2 милијарди долари) во декември, наспроти 225,9 милијарди јени, една година порано, објави денес Министерството за финансии. Средната прогноза на 25 економисти анкетирани од „Bloomberg“, беше за вишок во износ од 1,05 илјади милијарди јени.

На некоригирана база ова е 18-ти месец по ред на вишок, но пак со најниско ниво од јуни, кога тој изнесуваше 561,5 милијарди јени. Сезонски прилагодените податоци покажуваат суфицит од 1,635 илјади милијарди јени, додека во ноември тој беше во износ од 1,424 илјади милијарди јени.

jap 9999

Сериозниот прилив на туристи и приходи од инвестиции во странство, исто така помогнале за позитивниот развој во последните месеци. Но овие позитивни трендови се засенети од доцнењето на извозот и слабото внатрешно пребарување. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваат економијата на земјата да се намали на годишна основа со 0,8% во трите месеци, завршени на 31-ви декември.

„Евтината нафта го промовира вишокот на тековната сметка на Јапонија. Без неа ние треба да имаме предвид дека главниот тренд не е силен. Ако не се земе предвид нафтата, компаниите не можат да бидат многу сигурни за зголемувањето на приходите од странство“, вели Јасухиро Такахаши, економист во „Nomura Securities Co“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП