
Компанијата „Audi“ претстави специјална верзија на „набилдан“ кросовер „RS Q3“, која се нарекува „Рerformance“.


Компанијата „Audi“ претстави специјална верзија на „набилдан“ кросовер „RS Q3“, која се нарекува „Рerformance“.
Кај неа моќноста на 2.5-литарскиот турбомотор е зголемена од 340 на 367 КС. Според овој показател возилото се изедначува со „Audi RS3“ кој до обновувањето на „Mercedes-Benz A45 AMG“ ја носеше титулата „најмоќниот хот-хеч на планетата“.

На изглед верзијата „Рerformance“ се разликува по алуминиумските елементи на каросеријата, кои кај стандардниот „RS Q3“ се хромирани. Покрај тоа кросоверот добил 20-инчни бандажи и посебна боја „Ascari“, која е достапна само за оваа модификација.

Моторот се комбинира со 7-степен автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,4 секунди, што е за 0,4 секунди побрзо од вообичаениот „RS Q3“. Покрај тоа ограничувачот на брзината е преместен од 250 на 270 км/ч.

Премиерата на „Audi RS Q3 Рerformance“ ќе се одржи на автосаемот во Женева на почетокот на март. Во Германија веќе се примаат нарачки за возилото, а цените стартуваат од 61.000 евра – за 6.000 евра повеќе од стандардниот модел.