2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо петокот издадени потврди на 3.256 мигранти

Во петокот издадени потврди на 3.256 мигранти

deca migranti 22

Во петокот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 3.256 странски државјани, од кои 1.126 од машки и 766 од женски пол, како и на 1.364 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.516 државјани на Сирија, потоа на 904 државјани на Ирак и на 836 државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината па до 5-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 63.402 странски државјани, од кои 25.946 се од машки пол, 13.639 се од женски и 23.703 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-30.932, Авганистан-20.005 и Ирак-12.462.

Од почетокот на годината па до 5-ти февруари, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП