17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Русија ќе загуби 570 млрд долари за четири години

Економијата на Русија ќе загуби 570 млрд долари за четири години

rusija-moskva-russs

За четири години, од 2014 година, руската економија ќе изгуби околу 570 милијарди долари. До овој заклучок стигнале аналитичарите од Економската експертска група, пишува “Ведомости”.

Загубите од финансиските санкции ќе достигнат 170 милијарди долари, а поевтинувањето на нафта ќе донесе уште 400 милијарди долари загуби. Оценките се направени со цена на “црното злато” од 50 долари за барел.

Генерално намалувањето на бруто прилив на капитал се проценува на 280 милијарди долари за 3,5 години, вклучувајќи околу 85 милијарди долари директни инвестиции. Како што оценуваат авторите на студијата, двата финансиски “шока” не само што се собираат, туку и се засилуваат меѓусебно.

Според аналитичарите руската економија ќе загуби 8,4%. Претходно меѓународната рејтинг агенција „Fitch“ ги влоши прогнозите за руската економија оваа година.

Рускиот БДП ќе се намали за 1%, додека во првичната прогноза се предвидуваше раст од 0,5%. Агенцијата „Bloomberg“ во последната своја студија, ја вклучи Русија меѓу десетте најлоши економии, поставувајќи ја на четврто место по Венецуела, Бразил и Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП