18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските претседатели ќе добијат нов „Air Force One“

Американските претседатели ќе добијат нов „Air Force One“

U.S. President Barack Obama arrives in Manchester

Претставници на американското воздухопловство и на компанијата „Boeing“ го започнаа долгогодишниот процес на замена на авионот „Air Force One“, легендарното летало на американскиот претседател и симболот на Соединетите држави во светот.

Пентагон го одобрил првиот во низата договори со „Boeing“, американскиот воздухопловен гигант кој е избран да приспособи неколку авиона од типот „Boeing 747-8“, имено американскиот претседател има два идентични авиона, во „Air Force One“.

Светлосиниот величествен авион е препознатлив како симбол на американската моќ. Меѓутоа, сегашниот „Boeing 747-200“, кој е во служба од 1990 година, е веќе стар. Резервните делови за него сé потешко се обезбедуваат, а леталата сé подолго време се на редовни сервисирања.

Цената на чинење и прилагодување на двата авиона „Boeing 747-8“ во претседателски авиони не е позната, но американското воздухопловство побарало три милијарди долари од буџетот за таа намена, забележуваат медиумите. Станува збор за многу сложен зафат и проект, кој би требало да биде завршен до 2024 година.

Цената на еден час лет на „Air Force One“ изнесува 180.000 долари. Претседателот во авионот има голем кабинет, соба за состаноци и здравствен центар. Во авионот мора да има место и за агентите на Тајната служба, за советниците и за новинари. Кујната може да послужи 100 лица наеднаш. Опремен е со најмодерна комуникациска технологија, што на претседателот на САД му овозможува од воздух да управува со државата. Авионот претставува и своевидна тврдина во воздухот, опремена со најсовремените одбранбени системи. Авионот може да биде полнет со гориво и во текот на летањето, што му овозможува во воздух да биде со денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП