20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорот на словенечката Нова Љубљанска банка поднесе оставка

Директорот на словенечката Нова Љубљанска банка поднесе оставка

janko-med

Директорот на Нова Љубљанска банка(НЛБ)  Јанко Медја во петок даде оставка, година и половина пред истекот на петгодишниот мандат, а на тоа место ќе го замени досегашниот член на управата Блаж Бродњак, потврди банката, која е во 100 отстотна сопственост на државата.

Околу неговата оставка се шпекулираше подолго време, а се тврдеше дека во спротивно ќе биде сменет следната недела, по планираните промени во управниот одбор на банката. Неофицијално, причина за смената се различните погледи на Медја и сопствениците на банката на нејзиното работење и моделот на идната приватизација.

Банката, според барањата на Европската комисија, до крајот на 2017 година треба да биде приватизирана.

Банката словенечката влада ја дефинираше како стратешка инвестиција, па во неа државата ќе го задржи 25 отстотниот удел, плус една ‘златна’ акција.

„Банката ја напуштам во стабилна состојба, одлични резултати и добри трендови“, рече Медја поднесувајќи ја оставката.

Откако државата ја докапитализираше и и ги надомести загубите заради лошите кредитни пласмани, НЛБ последните две години, првпат по редица години загуби започнати во 2008 година, повторно работеше позитивно, а лани, според првите проценки, оствариле 62 милиони евра добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП