23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во САД на минимумот од пред осум години

Невработеноста во САД на минимумот од пред осум години

jobs aval

Вработувањето во САД изнесува 151.000 работни места во изминатиот месец. Податоците се покажаа под просечните очекувања на аналитичарите за 190/000 нови работни места.

Во исто време нивото на невработеност се намали до 4.9%. Ова е најниско ниво во водечката светска економија од пред осум години. Резултатите ги зголемија очекувањата на аналитичарите дека ФЕД ќе е помалку агресивен во политиката на зголемување на каматите во оваа година. Пазарот се залагаше до моментов на само 50% шанси за едно покачување на каматите до крајот на годината.

Не толку оптимисти се сепак стручњаците од „GS“, каде очекуваат ФЕД да го подигне нивото на каматните стапки три пати во текот на оваа година, откако пропушти да го направи тоа на следното заседание во март.

Шефот на „Allianz“ Мохамед Ел-Ериаа пак прогнозира само две покачувања. Растот на најголемата светска економија се очекува да е едвај 0,7% во последниот квартал на минатата година. Нивото на каматата беше зголемен за прв пат од 2008-ма година во декември минатата година до меѓу 0,25 и 0,5% на годишна основа. По податоците доларот како целина го задржи нивото на трговија наспроти останатите главни валути.

Да се потсетиме дека американската валута регистрира најголем пад од 2009-та година, една недела пред да бидат објавени податоците за вработување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП