27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја зголеми добивката и покрај намалената продажба

Toyota ја зголеми добивката и покрај намалената продажба

tojota defekti

Јапонскиот автомобилски гигант Toyota објави во петокот дека во деветмесечен период, заклучно со крајот на годината, ја зголеми нето добивката и покрај намалениот број на продадени автомобили во повеќето регион во светот, со исклучок на Северна Америка.

Периодот од март до декември 2015 година јапонскиот производител го заклучи со нето добивка од 1.900 милијарди јени (16 милијарди долари), што е за 10 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година. Воедно компанијата ја зголеми прогнозата за цела деловна година, која завршува следниот месец, на 2.270 милијарди јени. Со тоа добивката би пораснала за 4,4 отсто во споредба со претходната деловна година.

Нето добивката солидно е зголемена и покрај 3,7 отсто помалиот број продадени возила во однос на истиот период од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП