4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на бројот на склучени бракови во Општините Дебар и центар Жупа,...

Пораст на бројот на склучени бракови во Општините Дебар и центар Жупа, но и на разводите

debarcccc

Зголемување на бројот на браковите е забележано во текот на минатата година во Општините Дебар и центар Жупа.

Според Подрачната канцеларија на Управата за водење на Матична евиденција во Дебар вкупниот број на нови бракови изнесува 263 од кои 200 во општина Дебар, додека над 60-сеттина во општината Центар Жупа.

Според податоците на оваа канцеларија бројот е поголем за 18 бракови во споредба со 2014 година. Во наведената бројка на склучени бракови има и над 20-сеттина бракови кои се склучени во странство, но кои се евидентирани и во надлежната институција во Дебар.

Минатата година се карактеризира и со  двојно поголем број на  поднесени барања за бракоразводи. Според претседателот на Основниот суд во Дебар Мерсим Марку поднесени се 51 барање  за развод на брак, што е повеќе за околу 60 отсто повеќе од 2014 година. Како главни причини се наведуваат одвоениот живот на брачните другари поради печалбарењето, но и  социјалните проблеми во семејството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП