12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКафето штити од цироза на црниот дроб

Кафето штити од цироза на црниот дроб

dc-Cover-6u6653fje1mv655g2ua7p5hgc3-20160202211331.Medi

Секојдневното консумирање кафе штити од цироза на црниот дроб, заклучуваат британските научници во студијата објавена во магазинот Alimentary Pharmacology & Therapeutics.

Научниците од универзитетот во Саутемптон ги анализирале податоци од девет долгорочни истражувања спроведени врз речиси половина милион луѓе од шест држави.

Цирозата на црниот дроб е тешка болест којашто може да биде фатална, бидејќи значително ја зголемува можноста од затајување на функцијата на црниот дроб и појавата на рак.

Притоа заклучиле дека зголеменото консумирање кафе значително го намалува, речиси за половина, ризикот од заболување од цироза на црниот дроб. Шест повеќе шолји кафе, ризикот е помал, тврдат научниците. Според нив, два дополнителни филџани кафе во денот го намалуваат ризикот од цироза за 44 отсто.

Научниците појаснуваат дека кафето, освен кофеинот, содржи и многу биолошки активни состојки, како што се материите кои помагаат против воспаленијата. Освен индиректниот биохемиски ефект, кафето има и директна улога во заштитата од цироза, бидејќи разните состојки откриени во кафето ги блокираа вирусите хепатитот Б и Ц, а кафето го намалува и појавата на дијабетес од типот 2.

Во студијата се заклучува дека врските меѓу зголемените дневни консумации на кафе и намалениот ризик од цирозата на црнито дроб е голена, и е поголема отколку кај многу лекови кои се користат за превенција на оваа болест. Покрај тоа, спротивно од дејството на многу медикаменти, кафето нема ниту одблизу толку несакани појави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП