6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаднаа индустриските нарачки во Германија

Паднаа индустриските нарачки во Германија

germanija-kasa-germanski

Индустриските нарачки во Германија, кои се клучен идикатор за побарувачката на стока во водечката европска економија, паднаа во декември под притисок на слабеењето како на домашната, така и на побарувачката во еврозоната, соопшти денес германското Министерство за економија.

Прелиминарните официјални податоци покажаа пад на нарачките во декември од 0,7 проценти на месечно ниво, по нивниот раст од 1,5 проценти во ноември, пренесува агенцијата АФП.

Аналитичарите, кои учествуваа во анкетата на компанијата за финансиски услуги FactSet, прогнозираа нешто помал пад од 0,3 проценти за декември.

Падот се препишува на слабеењето на побарувачката за германската стока во декември 2015 година, на домашниот пазар за 2,5 проценти и на пазарите во земјите-членки на еврозоната за 6,9 проценти, според пресметките на министерството.

Истовремено, нарачките од земјите надвор од еврозоната скокнаа за 5,5 проценти, додека вкупниот раст на странски нарачки во споменатиот месец изнесувал 0,6 проценти, пренесува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП