2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо четвртокот издадени потврди на 2.173 мигранти

Во четвртокот издадени потврди на 2.173 мигранти

migranti-francija

Во четвртокот од страна на МВР биле издадени потврди на вкупно 2.173 странски државјани, од кои 889 од машки и 446 од женски пол, како и на 837 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште на едно дете кое патува без придружба, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 855 државјани на Авганистан, на 835 државјани на Сирија и на 483 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината па до 4-ти февруари, издадени  се потврди на вкупно 60.146 странски државјани, од кои 24.820 се од машки пол, 12.873 се од женски и 22.339 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-29.416, Авганистан-19.169 и Ирак-11.558.

Од почетокот на годината до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 4-ти февруари евидентирани се вкупно 16 баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, една жена , три малолетни деца со придружба на старател,пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП