20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалците непослушни, го усвоиле буџетот без ЕУ

Португалците непослушни, го усвоиле буџетот без ЕУ

portugalija-alija

Португалската влада го усвои нацрт буџетот за 2016 година, не чекајќи го одобрувањето од Европската комисија, изјави денес еден од портпаролите на Владата.

Европската комисија претходно апелираше до официјален Лисабон да го ревидира нацрт-буџетот и да усвои построга буџетска политика, пренесува агенцијата Франс прес.

Комисијата денес би требало да ја донесе одлуката за тоа дали португалскиот буџет е во согласност со прописите на Европската унија, ден за кој е најавено и доставувањето на предлог-буџетот до португалските пратеници за гласање во Собранието.

И Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја повика вчера Португалија да направи повеќе во поглед на поттикнувањето на економското закрепнување, истражувајќи ја истовремено загриженоста поради олабавувањето на буџетската дисциплина во таа земја од доаѓањето на новата влада предводена од социјалистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП