20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен новиот оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ

Објавен новиот оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ

mk vojska 33

Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните на Република Македонија дека денеска е објавен новиот оглас за професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Процесот на селекција ќе се одвива во рамки на максимална транспарентност во процесот кој вклучува писмено тестирање (општообразовен тест и психолошки тест), проверка на физичката способност, интервју и здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана. Целта на сите тестови е да се продолжи со традиционалното ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

Ги повикуваме сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат кон безбедноста на својата татковина во заштита на нејзиниот територијален суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници кој е објавен во дневните весници во Република Македонија и на веб – страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk.

Минатата 2015-та година се заокружи процесот на прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП