21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез забрани и застои во сообраќајот

Без забрани и застои во сообраќајот

автоооопат

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива тековно без забрани и застои, по влажни коловози со наместа остатоци од кашест снег по интервенција на ЈП Македонијапат. Снег провејува на Деве Баир, Плетвар, Кула, Крива Паланка, Страцин и Павлешенци.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП