20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкромен промет на Македонската берза

Скромен промет на Македонската берза

makedonska-berza

Вкупниот промет на Македонската берза во четвртокот изнесуваше само 4,4 милиони денари во кои акцијата на Комерцијална банка АД Скопје повторно имаше најголемо учество со 1,1  милиони денари.  

Оваа хартија од вредност на Комерцијална банка АД Скопје, истовремено, беше и единствената на листата на милионери. На тргувањето во четвртоко трансакции имаше со вкупно 18 хартии од вредност од кои 5 забележаа пад, само 4 хартии го завршија денот во позитивна територија, додека 9 останаа без промена.

Победник на денот беше акцијата на Прилепска пиварница АД Прилеп со раст од минимални 0,57 отсто и 22 истргувани акции, додека прва на спротивната листа се најде акцијата на Македонски Телеком со пад од 2,88 осто Вчера со негативен предзнак завршија и акциите на Алкалоид АД со пад од 1,07 отсто, при истргувана количина од само 67 акции.

За обврзниците во четвртокот не постоеше заинтересираност кај инвеститорите, па така индексот ОМБ не ја промени својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП