5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 35 долари, во фокус преговорите за производството

Цената на нафтата под 35 долари, во фокус преговорите за производството

nafta 4839

Цената на нафтата се стабилизираше денеска на светските берзи под ниво од 35 долари, закочена од новите сигнали за прекумерно снабдување и процените дека Венецуела тешко ќе ги наговори  останатите членки на OPEC да го намалат производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна 30 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 34,74 долари. Вчера тргувањето го заклучи во плус 2,32 долари. На американската берза со барелот се тргува по речиси непроменета цена во однос на вчерашното затворање, од 32,39 долари. Вчерашниот ден го заклучи во плус 2,40 долари.

Вчера инвеститорите ја искористија можноста која им ја пружи намалениот курс на доларот, занемарувајќи го податокот на американската влада за скокот на резервите на сирова нафта во минатата недела за 7,8 милиони барели, на рекордни 502,7 милиони барели. Скокнаа и резервите на бензинот, за 5,9 милиони барели, на исто така рекордни 254,4 милиони барели.

Денеска овој податок сепак го сопре растот на цената, откако меѓу инвеститорите преовладеа сомневања дека Венецуела ќе успее да ги наговори останатите членови на OPEC да го намалат производството за да ги поттикнат цените. Притоа министерот за нафта на Венецуела, Еулогио дел Пино во четвртокот рече дека неговиот состанок со колегата од Катар, инаку претседател на OPEC, бил „добар и продуктивен“.

„Ништо од тоа. И онака нема смисол без Саудиска Арабија“, смета Карстен Фрич од Commerzbank.

Во средата иранска новинска агенција Shana ја цитираше изјавата на министерот на Венецуела дека шест производители, вклучително Иран и Ирак, кои се членки на OPEC и Русија и Оман поттикнуваат состанок на производителите. Предлогот засега не го поттикна ниту една членка на OPEC во регионот на Персискиот залив, но и самата иницијатива може да ја поттикне цената на нафтата, велат дел од аналитичарите.

„Заинтересираните страни чинат мали чекори кон координирано намалување на производството, но ги чека долг пат до остварување на таа цел“, истакнува Тамаш Варгса од PVM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП